Дали победата на Трамп е закана за Албанија?
Албанскиот премиер, Еди Рама изјави дека победата на Донал Трамп на изборите за претседател на САД, би била закана за неговата земја.
Тој наведе дека тоа ќе биде и закана за односите меѓу Албанија и САД. Рама во интервју за косовската телевизија Клан Косова кажа дека победата на Трам би била голема „штета“ за САД и за албанско-американските односи.
Рама објаснува дека не е проблемот во тоа што е републиканец, туку со својот карактер вознемирил многу Албанци и тие се подготвени да гласаат за Хилари Клинтон.
Следната недела Рама ќе биде во посета на Вашингтон, каде ќе се сретне со претседателот Барак Обама и со потпретседателот, Џом Бајден.
Слично
