Касата на Фондот за ПИОМ сè попразна, пензионерите сè посреќни, популистички мерки со кус век!
Ревизорскиот извештај за работата на Фондот за ПИОМ, е алармантен и не смее да се игнорираат констатациите на ревизорите кои забележаа дека касата на Фондот од година во година станува се попразна, а дупката се пополнува со пари од централниот Буџет. Поранешната директорка на МАПАС, Зорица Апостолска, вели дека се што е констатирано и нагласено во Извештајот е точно и е сеопфатно во смисла на лоцирање на клучните проблеми, но дека ако се споредат податоците со изминатите години тогаш уште повеќе ќе се согледа заканата во кој правец сегашните креатори на пензиската политика го трасираат системот.
„Ќе потенцирам само некои поважни показатели само за 2011 година. Приходите во Фондот по основ на уплатени придонеси изнесуваат 61.5% од вкупните приходи. Буџетските трансфери во таа година изнесувале 35.7% од државниот буџет. Овие цифри во 2012 година имаат продолжена надолна линија кое што јасно е претставено во извештајот. Особено е за загрижување фактот дека 38 % во 2012 е достигнат трансферот од државниот буџет за покривање на недостигот на средства во Фондот за исплата на пензии. Моите прогнози уште од пред неколку години за жал имаат реални изгледи да се остварат, а тоа е ова финансирање на пензискиот систем од државниот буџет да достигне и до 40 % до крајот на 2013 година“, вели Апостолска.Според податоците кои ги обелоденија ревизорите за работата на Фондот за ПИОМ за минатата година – покажуваат дека пензискиот систем е под закана на популистички мерки водени од партиски интереси, а кои може да доведат до поткопување на темелите на системот.
„Во тој случај по кој знае кој пат ќе си го поставам прашањето зошто правевме реформирање на пензискиот систем за која требаше многу време и труд, а за краток период се успеа да се поткопаат темелите на добро поставениот пензиски систем и резултатите што веќе почнаа да се покажуваат по реформата. Пензискиот систем не треба да служи за политички/изборни цели, бидејќи надлежните треба да се грижат да водат политика со која ќе обезбедат адекатвитни пензии за сите генерации на пензионери, а не само за сегашните, сто впрочем и во Уставот на РМ е загарантирана социјалната сигурност и праведност за секој граѓанин на РМ“, вели Апостолска за Фактор.За универзитетскиот професор на УКИМ, Предраг Трпевски продлабочувањето на дефицитот во буџетот на фондот за ПИОМ е резултат на политиката на оваа Влада во последниве 5 години, да ги намали стапките на социјалните давачки, во овој случај на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување, а од друга страна перманентно да ги зголемува пензиите, иако за тоа нема реална основа.
„Она што уште повеќе загрижува е фактот дека Владата нема намера да ја промени ваквата политика. Имено, за наредната година најави зголемување на пензиите, а за истата година предвидува намалување на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување на 0,4%. Веќе дефицитот во фондот за ПИОМ станува доста висок и го пали црвеното светло кое предупредува дека треба да се стави крај на ваквата политика, во спротивно, исплатата на пензиите ќе биде зависна од извршувањето на буџетот, а тоа пак ќе биде детерминиран од нови задолжувања и т.н. Факт е дека при вакво ниво не економска развиеност, ниво на вработеност и со вакви, драстично намалени стапки на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, фондот за ПИОМ не може да се само оджува (и до 2008 не можеше и дефицитот се финансираше од буџетот, ама тој во 2008 изнесуваше 6%) и ќе мора се повеќе и повеќе да се финансира со средства од буџетот на државата (во 2012 година дефицитот во фондот за ПИОМ е 22%). И тука веќе се губи и целата логига на постоењето на фондот. Во крајна инстанца, на долг рок, трошоците на ваквата политика ќе ги надоместуваат помладите генерации, вели Трпевски за Фактор.Државниот завод за ревизија пред неколку дена во извештајот за работата на Фондот за ПИОМ лоцираше серија проблеми. Според ревизорите, неповолната финансиска состојба во Фондот за ПИОМ се неостварените проекции за зголемување на вработеноста, како и неостварените проекции за пораст на платите, констатираат ревизорите.
„На финансиското работење на Фондот во 2012 година влијание имаше намалување на стапката на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување како и неостварените макроекономски индикатори за зголемување на вработеноста и порастот на платите на вработените кои имаат директно влијание врз остварувањето на приходите од придонесите“, стои во извештајот на ревизорите.Според податоците во извештајот, загрижувачки е податокот дека дупката во буџетската каса на Фондот секоја година се повеќе се продлабочува, а дополнително се обелоденува и дека поради недостиг на пари, Фондот за ПИОМ на крајот од минатата година не им префрлил пари на приватните пензиски фондови.
„Зголемувањето на бројот на корисниците на пензија како и усогласувањето на пензиите во 2012 година влијаеше на недостаток на средства за исплата на пензии поради што секоја година се зголемува зависноста на Фондот од позајмување на буџетски средства од основниот Буџет на РМ. За покривање на буетскиот дефицит исплатени се средства од Буџетот на РМ во износ од 10.219.220 .000 денари што претставува учество од 22 %, алармираат ревизорите.Фондот не префрлил пари на приватните пензиски фондови Ревизјата констатирала дека Фондот, лани за навремена исплата на пензиите користел позајмици од Буџетот на РМ кои тековно ги враќал. Сепак,се обелоденува дека Фондот на крајот на годината, во услови на недостиг на средства, враќањето на позајмицата од Централниот Буџет во износ од 505.000.000 денари го врши со средства од уплатната сметка – мостната сметка, сметка на која се врши уплата на придонеси од пензиско и инвалидско осигурување.
„На овој начин на крајот од годината не е извршена распределба на уплатите на придонес од пензиско и инвалидско осигурување меѓу Фондот и приватните пензиски фондови, односно дел од средствата не се дистрибуирани до приватните пензиски фондови,обелоденуваат ревизорите.За ваквите состојби, односно за долгот кон приватните пензиски фоднови, но и кон Фондот за здраветсно и кон Солидарниот фонд, Фондот за ПИОМ го алармирал и министерството за финансии.
„Фондот, со поднесено барање за исплата на пензии за месец декември 2012 година до министерството за финансии ја истакнал потребата за средстава за редовна исплата на пензии, за враќање на средствата за Вториот столб, и средствата за неисплатените обврски од месец ноември 2012 година по основ на придонес за здравствено во износ од 86.812 000 денари кон Фондот за здравствено осигурување како и кон солидарниот Фонд во износ од 17.280.000 денари“, обелоденуваат ревизорите.Инаку, вкупните приходи на Фондот, минатата година изнесувале 46.768.860.000 денари. Според структурата, најголемо учество во вкупните приходи има придонесот од пензиско и инвалидско осигуривање со 59% и од Буџетот на РМ (трансфери од Бучетот на РМ,од Министерство за одбрана, пренесен вишок на приходи од претходна година ) со учество од 38%. Додека незначително е учеството на приходи од акцизи и останати приходи. С.Н.
Слично
