Дали партиите се договорија за медиумите?
Преговорите за медиумите се завршени, вели министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска.
Додава дека има консензус за прашањето за јавниот радиодифузен сервис во однос на финансирањето, во однос на износот на средствата кои што се потребни за да се унапреди работата на јавниот радиодифузен сервис.
„Беше донесен кодекс за етичко и професионално известување на новинарите од МРТВ во соработка со Би-Би-Си. Во однос на владиното рекламирање има договор средствата што треба да бидат обезбедени за јавни кампањи, под услов тие да се навистина од јавен интерес, да се распределат подеднакво, значи на сите медиуми кои потпаѓаат под дефиницијата за медиуми во законот, а тоа се радијата, телевизиите и печатените медиуми, за што е подготвен и закон за владино рекламирање. Третата работа што беше договорена е во однос на казнената политика на Агенцијата за медиуми “ - рече Арсовска Томовска.
Од СДСМ го тврдат спротивното. Велат дека нема договор за прашања поврзани со медиумите.
Слично
