Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали париските атентатори минале и низ Македонија?

Дали париските атентатори минале и низ Македонија?

Меѓу терористите кои вчера организираа напоредни атентаторски напади во Париз во кои загинаа 129 лица, а повеќе од 350 се повредени, има и лица кои во Франција влегле како сириски мигранти.

Според официјалните полициски наоди, до телото на еден од напаѓачите е пронајден сириски пасош .

Грчкиот министер за заштита на граѓаните Никос Тоскас изјави дека носителот на сирискиот пасош, кој е пронајден до трупот на еден од бомбашите, поминал низ Грција во октомври.

Според извор од грчката полиција носителот на пасошот бил млад маж, пристигнал на островот Лерос со брод од Турција заедно со група од 69 бегалци и отпечатоците му биле земени од грчките власти.

За сега не се знае дали пасошот бил проверуван во други држави, во кои носителот поминал на пат за Франција.

Српски “Блиц” објави фотографија од пасошот на овој маж, за кого се смета дека влегол во Грција, но поминал и низ Македонија и Србија. Неговото име е Ахмед Алмохамед.

2110931518

Откако влегол во Грција на 3 октомври, тој наводно поминал низ Македонија и на 7 октомви влегол со група бегалци во Србија. Регистриран бил во градот Прешево и поднел барање за азил.

Исламска држава ја презеде одговорноста за вчерашните напади во Париз преку соопштение објавено на интернет.

По нападите во Париз неколку лидери во Европа веднаш побараа  да се запре протокот на бегалци и мигранти од Блискиот Исток и Африка.

Полска на пример, рече дека не може да прифати мигранти според квотите на ЕУ, без да има гаранции за безбедноста. Ако се покаже дека еден или повеќе од терористите дошле во Европа заедно со мигрантите, тоа може да ги промени политичките дебати за бегалците и пристапот кон нив.

Иако постои шанса сирискиот документ пронајден покрај терористите да се покаже како лажен, сепак ако се докаже дека меѓу мигрантите влегле и терористи тоа може значително да го промени правецот на преговорите за бегалската криза и да ги заостри условите за азил.

Слично

Поврзани вести