Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали папата ќе ја посети Грција за да ја потенцира бегалската криза?

Дали папата ќе ја посети Грција за да ја потенцира бегалската криза?

Грчката црква сака  папата да ја посети земјата, за да се потенцира бегалската криза.

Од грчката црква денеска беше соопштено дека ако папата ја посети Грција, целта ќе биде да се нагласи маката на илјадници бегалци кои бегаат од конфликтот.  Од Светиот Синод, владејачкото тело на Грчката православна црква, изјавија дека му предложиле на папата посета на грчкиот остров Лезбос, на егејскиот остров каде што стотици илјади бегалци и мигранти пристигнаа во изминатата година.

Еден официјален претставник на црквата на Грција, изјави за Ројтерс дека посетата може да се случи во април на 14 или 15. И Вселенскиот патријарх Вартоломеј, исто така, ќе биде повикан, потврди истиот извор.

Во меѓувреме бегалците и мигрантите во Грција масовно поднесуваат барања за азил,  со цел да избегнат враќање во Турција. Во Грција во последните 24 часа се поднесени над 2.600 нови барања за азил од бегалците на островите како Лезбос и Хиос.

Слично

Поврзани вести