Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали овој стан во Белград вреди 300.000 евра? Има само 60 м2, стаклото на терасата е испукано...

Дали овој стан во Белград вреди 300.000 евра? Има само 60 м2, стаклото на терасата е испукано...

Квадратен метар за повеќе од 5000 евра

За стан од 60 квадрати во Максим Горки, Врачар, Белград бараат ни помалку ни повеќе туку 310.000 евра.

Тоа значи дека цената за квадрат е 5.167 евра, а сето тоа би било побезболно доколку имотот би бил реновиран или во луксузно издание. Сепак, состојбата е несолидна, и без разлика на самата локација, изгледа дека цената сепак отишла предалеку.

Граѓаните на Србија, па и кај нас и во светот во последно време се навикнаа на високите цени на становите кои се продаваат и киријата, но и на необичните барања на работодавците, а сепак, се чини дека на изненадувањата им нема крај.

Иако долго време се зборува дека е само прашање на време кога пазарот на недвижности ќе почне да се „лади“, тоа се‘ уште не се случува и покрај тоа што се очекува побарувачката да почне да опаѓа.

Иако Врачар со години е „бисер“ на Белград, особено на просторот околу храмот Свети Сава, ваквата цена на недвижностите од фотографиите ни кажува дека цените се „пренапумпани“.

Достапните информации за станот откриваат дека се наоѓа на први кат, дека е регистрирана површина од 54 m², дека се работи за двособен имот со едно купатило.

Има тераса, греење на печка, а годината на градба не е откриена. Фотографиите погледнете ги овде, а во коментар споделете со нас кое е вашето мислење за понудата и станот.


Фото: unsplash

Извор: телеграф.рс

Слично

Поврзани вести