Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали ова е свет за нашите деца?

Дали ова е свет за нашите деца?

Најбогатите еден одсто од населението на светот имаат богатство чија вредност е еднаква на богатството на преостанатите 99 одсто од луѓето, покажаа податоците на британската НВО Оксфам.

Покрај тоа, според проценката на Оксфам, богатството на најбогатите 62 личности на светот е еднакво на богатството на дури половина од светската популација пренесе Би-Би-Си.

За споредба, пред само пет години 388 лица поседувале богатство еднакво на половина од жителите на светот, што значи дека разликата во концентрација на богатството многу брзо се зголемува.

Во тој извештај кој се базира на податоците на банката „Kredi Suis“, Оксфам ги повикува светските лидери да преземат мерките како би ја ублажиле таа голема нееднаквост, ја критикува работата на лобистите, како и количината пари кои се чуваат во „даночните рајови“, односно земји со исклучително ниски даночни стапки.

Таа организација предвидува дека најбогатите еден одсто веќе следната година ќе го престигнат светот по богатство.

За да стигне во првите десет одсто од најбогатите, човек треба да има пари и недвижнини во вредност од 68.800 долари , а во првите еден одсто 760 000 долари.

„Наместо економија која работи за просперитетот на сите луѓе и за идните генерации, како и за целата планета, создадовме економија која работи за само еден одсто од населението“, предвидува Оксфам во својот нов извештај.

Таа организација бара од владите во светот да преземат низа мерки како би ги намалиле огромните разлики во богатството. Помеѓу останатото , таа бара работниците да добиваат плати од кои може да живеат и да се намалат примањата на директорите.

Оксфам, исто така предлага крај на разликите во платите за различни работи, плаќање надомест за грижа за немоќните, промовирање на еднакви права на жените на наследство, намалување на цените на лекови, оданочување на богатите наместо потрошувачка, како и мерки против лобирањето.

Слично

Поврзани вести