Дали ОПЕК ќе го стабилизира пазарот – што бараат производителите на нафта?
Да се стабилизираат цените на нафтата, бара Иран.
Земјата ќе ја поддржи секоја одлука на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) со цел стабилизирање на тој пазар, вели иранскиот министер за нафта, Биџан Занганех.
Тој истакна дека повеќето држави производители сакаат да ја зголемат цената на нафтата од 50 на 60 долари за барел.
„Оваа цена ќе овозможи попрофитабилно и економски поисплатливо производство на нафта за членките на ОПЕК“ - вели тој.
Оваа изјава ја даде по разговорот со претседателот на ОПЕК, Мохамед Сануси Баркинд во Техеран. Иранскиот претседател, Хасан Рохани изјавил на средбата со Баркинд дека Иран има клучна улога во ОПЕК.
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), предводена од Саудиска Арабија и од други големи производители од Блискиот Исток, ќе се состанат на неформални разговори во Алжир меѓу 26 и 28 септември.
Повеќето веруваат дека производителите на нафта ќе продолжат да го следат пазарот.
