Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали омикрон стигна во Албанија?

Дали омикрон стигна во Албанија?

Институтот за јавно здравје од Албанија ќе испрати примероци за анализа во странски лаборатории, по што ќе се знае дали оваа варијанта циркулира и во Албанија.

Албанската министерка за здравство, Огерта Манастирлиу,  изјави дека како и сите други земји и Албанија е загрижена кога станува збор за ширењето на варијантата омикрон во повеќе земји. 

Националниот комитет на експерти ќе направи проценка на епидемиолошката состојба за да оцени дали се потребни дополнителни ограничувачки и други мерки.

Манастирлиу кажа дека од средината на јануари кога почна вакцинацијата до сега аплицирани се 2.103.351 дози, од нив 1.072.645 примиле прва доза, 961.013 две и 67.381 трета доза. 

Досега се регистрирани 59 случаи на омикрон во 11 земји членки на ЕУ. 

Слично

Поврзани вести