Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали обидот за пуч во Турција е режиран?

Дали обидот за пуч во Турција е режиран?

Имамот Фетулах Гулен кој живее во САД, а чии поддржувачи, турската Влада, ги обвини за неуспех на пучот, денеска изјави дека обидот за пуч можеби бил изрежиран, јавува Ројтерс.

Гулен тврди дека постои можност да  биде изрежиран пучот. Тој изјави преку преведувачката за новинарите во Пенсилванија каде живее.

Рече дека демократијата не може да се постигне по пат преку воена акција, и ја критикуваше владата на претседателот Реџип Таип Ердоган.

Гулен додаде дека се чини дека власта не толерира ниту еден проект или група која не е под нивна тотална контрола.

Ердоган изјави дека по обидот за пуч, ќе побара од САД екстрадација на Фетулах Гулен.

Ердоган на собирот во Истанбул додаде дека инцидентите ги изведе малцинство внатре во војската, а не и самата војска, јавува Ројтерс.

Слично

Поврзани вести