Дали новите возови ќе ги зголемат цените во железничкиот сообраќај?
Оливер Дерковски, директор на МЖ-Транспорт во интервју за Фактор вели дека македонските пруги се безбедни, не се случиле несреќи заради нефункционирање на сигнализација, туку последните нерсеќи се резултат на недозволеното движење на луѓе по пругите или непочитување на сигнализацијата. Дерковски најавува дека цените за возењето со воз ќе останат исти и следната година, кога ќе стасаат новите патнички возови.
Фактор: Како ја оценувате безбедноста на железничките пруги во Македонија?
Дерковски: Безбедноста на нашите пруги е во рамките на нормално ниво кое дозволува безбедно одвивање на сообраќајот. Изминатиов период се случија седум инциденти во кои жртви беа мигранти кои неовластено се движеа по пругите во Македонија што секако доведе до тоа да се стекне мислење за нарушена безбедност на пругите што не е точно затоа што никаде во светот не е дозволено движење на пруга на луѓе .
Фактор: Машиновозачите не одговараат за несреќите, но несреќите се голем стрес. Какви се нивните реакции, имавте ли средба со нив и можеби некакви барања, препораки?)
Дерковски: Кој е ефектот врз машиновозачите , па нормално дека има влијание и заради тоа и ние во изминатиов период разговараме со нив со цел да колку што е можно повеќе да се избегнат овие немили настани кои влијаат на нив и на нормалното извршување на работата. Инаку ние согласно нашите процедури ги прашуваме и ги упатуваме на разговор со психолог или социјален работник.
Фактор: Каква е соработката по ова прашање со полицијата во однос на проблемот со мигрантите?
Дерковски: Со полицијата имаме добра соработка и се координираме постојано и благодарение на тоа во изминатиов период беа спречени поголеми групи на мигранти да поминат.
Фактор: Колку несреќи се предизвикани поради проблеми со сигнализација или проблем со рампите? Каква е состојбата со сигнализацијата и рампите на железничките пруги во Македонија?
Дерковски: Во изминатиов период се нема случено несреќа заради нефункционирање на сигнализација затоа што во таков случај ние сме навремено известени од колегите од инфраструктура и го менуваме режимот на движење на возот, сакам да кажам дека сите инциденти кои се случиле а тоа го покажуваат и резултатите од увидот се исклучиво заради не почитување на сигнализацијата и непочитување на правото на првенствено минување на возот, а еден поголем дел на инциденти се има случено и на диви премини кои несовесните граѓани ги користат и тоа најчесто во летниот период. Околу прашањето за состојбата на сигнализацијата ќе мора да се обратите до колегите од инфраструктура иако од наш аспект можам да кажам дека има прогрес посебно од нормирањето на кражбите на пругите како кривично дело од кога драстично се намалени кражбите.
Фактор: Што покажуваат податоците за бројот на патниците што се возат со македонските возови?
Дерковски: Бројот на патници во последните години од почеток на кризата беше во опаѓање, но во оваа година имаме запирање на падот и мал благ пораст и се надевам дека трендот ќе продолжи.
Фактор: Кога се очекува новите патнички возови да ги заменат постоечките и дали новите возови ќе влијаат врз цената на билетите?
Дерковски: Наредната година некаде од август ќе почнат да пристигаат новите возови кои се надевам ќе придонесат за зголемување на бројот на патници кои ќе се возат со истите цени на билетите што значи нема да има промена на цените.
Н.С.

Слично