Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали неработењето на Трансмет и Синохидро го намали општиот БДП на Македонија?

Дали неработењето на Трансмет и Синохидро го намали општиот БДП на Македонија?

Дали запирањето на проектите за нискоградба во градежништвото е индиректна причина за денешниот резултат за првото тримесечје од Бруто домашниот производ, кој во 2018-та забележува зголемување само од 0,1 насто.

Економската активност во првите три месеци од годината се зголемила само за 0,1% на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

По одделни сектори, најголем пад е евидентиран во градежништвото и тоа од 37,2% што најмногу влијае на целата стапка на пораст на бруто домашниот производ (БДП).

Во делот на градежништвото вицепремиерот Анѓушев веќе истакна дека рапидно се намалени активностите во нискоградбата.

„Она што посебно треба да го подвлечеме е очекуваниот пад на нискоградбата во 2018 година прв квартал и според нашите анализи тоа е за 35 до 40% и тоа само во делот на изградба на автопатиштата. Тој пад е исклучиво резултат на намаленото работење на неколку компании кои претходно и тоа како имале удел во градежните активности во делот на нискоградбата, тоа е автопатот Кичево – Охрид и некои други патишта, а како фирми тоа се Синохидро, Трансмет и неколку други. Тие фирми значително ги намалиле своите активности и како резултат на тоа се очекува пад. Владата беше исправена пред прашањето дали да ги продолжи овие инфраструктурни проекти пред се патиштата Кичево-Охрид и тоа на истиот начин како што беа работени со импровизации, со несоодветна техничка документација, да плаќаме дополнителни цени кои произлегуваат од таквата ситуација, да плаќаме над 50 проценти разлики во цени меѓу Синохидро и другите фирми, или за момент да застанеме со оваа активност и да ја доведеме во рамките на техничка исправност. Ние како Влада и економскиот совет со сите економски министри, донесовме одлука дека подобро и во интерес на граѓаните е проектите да ги донесеме во реалност и правилно да бидат продолжени. Гарантираме дека тие проекти ќе продолжат и ќе бидат завршени на начин којшто ќе биде од голем бенефит на граѓаните на Република Македонија“, потенцираше Анѓушев.


Слично

Поврзани вести