Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ НЕКОЈ ГИ ЗГРЕШИ МАТЕМАТИКИТЕ - гасот се „лизга“ надолу, а нашата држава го плаќа прилично „солено“

ДАЛИ НЕКОЈ ГИ ЗГРЕШИ МАТЕМАТИКИТЕ - гасот се „лизга“ надолу, а нашата држава го плаќа прилично „солено“

Дали се згреши сериозно во државните математики за набавка на природниот гас за затоплување на скопјани? 

Ова прашање би било логично да се постави доколку се има предвид фактот дека во изминативе неколку недели цената на природниот гас на светските берзи континуирано паѓа, а за целото тоа време ЕСМ, која е компанија во сопственост на државата, и натаму го купува овој енергенс по повисока цена. 

Што значи во превод дека се трошат повеќе, наместо помалку државни пари, во време кога е драгоцен секој денар од државниот буџет. Овој пристап, пак, е сосема различен од она што самите министри и другите владини функционери го протежираат во сите свои јавни настапи, а тоа е дека со јавните финансии мора да се менаџира одговорно. Но, дали купувањето гас од бугарската компануија „Балкан Јутилитс“ по однапред договорена, фиксна цена, е токму таково однесување, е дилемата која сериозно се отвора. 

Како најнов пример за тоа може да се спомене ЕСМ енергетика, која како долгогодишен партнер на „Макпетрол“, од домашниот снабдувач доби пониска цена од таа што „ЕСМ продажба“ ја договори со бугарската компанија. 

Но, подружницата на државната компанија која што со топлинска енергија ги обезбедува домаќинствата, училиштата, но и деловните објекти во Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром, за гас кој и е потребен за производство на топлинска енергија, плати повеќе од потребното.

А, она што всушност се случува на светските берзи на овој енергенс, е дека во моментов природниот гас може да се купи по цени кои се најниски досега во споредба со периодот од пред почетокот на вјната во Украина. 

Треба да се знае дека договорот со бугарската фирма „Балкан Јутилитис“ всушност подразбира фиксна цена, па ЕСМ продажба како последица на тоа сега плаќа поскапо за гасот, при што проценките говорат дека додатните трошоци ја надминуваат сумата од еден милион евра. 

Нашата компанија „Макпетрол“, пак, на повикот на ЕСМ испрати понуда која е поврзана токму со движењето на цените на берзите. Ова значи дека ако таа понуда беше прифатена, сега за производство на топлинска енергија ќе се трошеа значително помалку буџетски средства. 

А, според најавите со кои ЕСМ продажба излезе во јавноста, тие планираат да ја продолжат оваа практика и во следниот период, односно оттаму изјавија дека и на следниот јавен повик кој ќе биде објавен за набавка на гас за февруари, нема да бидат земени предвид сите пнуди што ќе вклучуваат флексибилна цена. 

Она што сериозно може да се постави како прашање е зошто ЕСМ продажба бара овој услов да биде задолжителен, со образложение дека државната компанија морала да си има однапред обезбеден буџет, и затоа морало да направи пресметка колку ќе ја чини купувањето на гасот во претстојниот период. Но, токму тоа крие големи нејаснотии и отвора уште едно прашање, а тоа е - зошто ЕСМ воопшто треба да планира буџет за набавка на гас, во услови кога самата Влада им додели средства за набавка на енергенси во услови на енергетска криза. 

Овде се отвора и една контратеза или дилема, пред се поради фактот што природниот гас е берзански производ, па неговата цена, како што сега се намалува, може и да се зголеми во наредниот период. Токму тоа го отвора и следното прашање, имено, како ќе постапат „Балкан јутилитис“ кои дадоа фиксна цена доколку во меѓувреме гасот стане поскап во однос на она што тие го понудиле како цена. 

И дали, доколку дојде до таков пресврт на настаните, би имало гаранции, и кои се тие, дека бугарската фирма ќе продолжи да ја снабдува земјата со природен гас. Односно, да го поставиме прашањето попрецизно - дали има опасност таа фирма да се откаже од снабдувањето, а нашите граѓани, институции и правни субјекти да останат без парно. И дали можеби таа опаснолст е уште повеќе изразена поради фактот што „Балкан Јутилитис“ во изминативе три години, за две од нив пријавил загуби во работењето. Односно, показателите на Регулаторната комисија на Бугарија говорат дека „Балкан Јутилитис“ за 2019 година пријавиле загуба од 98.012 евра, а негативата во 2021 година била 33.691 евра. Исто така, според РКЕ на Бугарија, оваа фирма е регистрирана како микропретпријатие, а десетгодишната лиценца за трговија со природен гас „Балкан Јутилитис“ ја добиле дури на 15 септември оваа година.

Слично

Поврзани вести