Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали навистина Анонимуси хакирале важни српски документи?

Дали навистина Анонимуси хакирале важни српски документи?

Србија негира дека групата Анонимуси хакирала важни документи. 

Вработените во јавната администрација  е наложено да ги почитуваат мерките за безбедност на информациите и сите безбедносни препораки во врска со непроверените и сомнителни е-пошти и веб-страници.

„Сите податоци на јавната администрација се заштитени и не е откриен доверлив документ на српската влада“, објави денеска српското Министерство за информации и телекомуникации.

Велат дека сите податоци од значење за државата ги чуваат во државните центри за податоци во Белград и Крагуевац според највисоките технички и безбедносни стандарди. Додаваат дека специјална војна се води против Србија. 

Анонимуси му се закануваа на српскиот претседател Александар Вучиќ и го навредуваа поради блискоста со Русија. Тие порачаа дека не завршиле со него. 

Вучиќ по една од нивните закани, се фотографираше со своите кучиња, а тие му одговорија дека не треба да губи време со кучињата и дека е фашист, кукла на рускиот претседател Владимир Путин. 

Косово цело време ја напаѓа Србија поради добрите односи со Русија. 

Слично

Поврзани вести