Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали нафтата конечно го допре дното?

Дали нафтата конечно го допре дното?

После растот во четвртокот нафтата денес повторно падна во очекување на укинување на санкциите против Иран.

Цените за мартовски испораки за нафта од типот Брент на лондонската берза „ICE Futures“ од утрото паднаа за 0,7% - до $ 30.67 за барел.

Цената за сурова нафта „WTI“ за февруари на тргувањето на Њујоршката берза (NYMEX) паднаа овој пат со 1.6% - до $ 30.69 за барел.

Оваа недела, во текот на тргувањето, цените на нафтата падна под 30 $ за прв пат од 12 години.

Официјални лица од Иран велат дека имаат планови за зголемување на производството со 1 милион барели на ден во рок од шест месеци.

„Најверојатно, викендов ќе се укинат санкциите против Иран, кои ќе го зголемат притисокот врз нафтените цени следната недела - рече шефот на истражувачката компанија на стоковите пазари Commerzbank. Мислам дека цените речиси го достигнаа дното, но негативните расположенија на пазарите остануваат“.

Во САД бензинските резерви се зголемија за 8.44 милиони барели, овој раст во последните две недели е највисокиот од 90-тите години наваму. Залихите во САД за оваа недела се зголемиле за 6,14 милиони барели на ден.

Слично

Поврзани вести