Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали месецов ќе се формира експертска Влада?

Дали месецов ќе се формира експертска Влада?

Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов денеска на прес-конференција побара Македонија да биде една изборна единица и изјави дека според негови сознанија до крајот на месецот ќе има нова експертска влада.

Таа влада според него требало да ги изведе реформите за да се дојде до фер избори најверојатно наесен.

„Информациите со кои ние располагаме е дека ќе има експертска Влада со крајот на овој месец, но во Република Македонија не можете ништо да предвидите, ниту до вечер што ќе се случи. Колку што јас сум информиран, има начелен договор за таа работа, независно што партиите тврдат дека не се преговара, не се разговара“- вели Трајанов.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека такви преговори немало, а од СДСМ објаснуваат  дека услов за нова техничка влада се нови преговори, а тие ќе почнат по целосното повлекување на аболицијата.

Слично

Поврзани вести