Дали македонските лекари се безбедни на работа?
Во Македонија околу 75% од лекарите, биле изложени на одреден вид насилство од пациентите.
Ова го покажува истражувањето на „Хелтгрупер“ за насилството врз лекарите, кое е направено во текот на месец февруари и март. Во истражувањето биле анкетирани 240 лекари, одбрани по случаен избор, вработени во јавното и приватното здравство во сите сектори. Причините за нападите врз лекарите најчесто се незадовоство од здравствениот систем во целина, што претставува голем проблем во државата.
53 % од испитаните лекари изјавиле дека се чувствуваат недоволно безбедни на работните места. Од лекарите кои работат во државните здравствени установи, 40,5 % кажале дека се чувствуваат небезбедно, а во приватните здравствени установи ист одговор дале 19,1%.
Најчести се вербални навреди и закани, додека кај околу 10% од испитаните лекари се случиле и физички пресметки. Истражувањето покажува дека 73 % од нападите се случуваат во ординациите, додека помалку од 2 % се случуваат надвор од работното место.
Слично
