Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Луксембург стана даночен рај?

Дали Луксембург стана даночен рај?

Владата на Луксембург демантира дека државата е даночен рај. 

Истрагата „ОпенЛукс", која ја реализирале медиумските куќи „Ле Монд" од Франција и „Зидојче Цајтунг" од Германија, покажала дека политичари, познати личности, мултинационални компании и кралски семејства префрлале пари преку Луксембург за да ги намалат своите обврски по основа на данок и да избегнат контроли, објави бриселски „Политико". Истрагата утврдила дека 90 проценти од компаниите во Луксембург имале странски сопственици. Извештајот,  ја следи истрагата на „ЛуксЛикс", заснована на многу протечени документи од 2014-та година, а во кои се гледа дека е извршен политички притисок на Жан-Клод Јункер во време кога поранешниот премиер на земјата станал претседател на Европската комисија.

Многумина во ЕУ мислат дека кризата со коронавирусот е добра можност да се стави ред во оданочувањето. Франција лани објави дека има „црна“ листа со 13 држави, меѓу кои се и Британските Девствени Острови и Бахамите, но таа не ги вклучува Холандија, Малта, Луксембург или Делавер во САД.

Слично

Поврзани вести