Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали лидерите на четирите партии ќе седнат на маса?

Дали лидерите на четирите партии ќе седнат на маса?

Враќањето на меѓупартискиот дијалог беше иницирано од германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, а се очекува деновиве да го реализираат лидерите на големата четворка, пишува Дојче Веле.

Во почетокот на наредната недела можно е повторно на преговарачка маса да седнат претставници на четирите партии - потписнички на Договорот од Пржино. Засега е неизвесно дали тоа ќе биде средба на лидерско ниво или во почетокот мразот ќе го кршат втори ешалони на партиските тимови, во обид да ја договорат рамката за преговори. Враќањето на меѓупартискиот дијалог беше иницирано од германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, кој неделава имаше поединечни средби со лидерите на големата четворка, кои имаат обврска и потреба да направат конкретни чекори за брза реализација на таа иницијатива.

Првата обврска, која по изјавата на Хајндл создаде одредени дилеми по прашањето дали повторно ќе се влегува во истата грешка – да се „бетонира“ изборен датум пред да се исполнат условите за избори, јасно беше разрешена и прецизирана во соопштението на германското МНР: партиите да ги создадат сите неопходни услови за одржување слободен и фер изборен процес, а потоа да договорат и датум за избори. Второ, на СЈО мора му се обезбеди да ја врши својата работа без никакви опструкции и трето, партиите итно да се договорат за имплементацијата на реформските приоритети кои се предвидени со Пржинскиот договор, а нотирани во Извештајот на Прибе.

Слично

Поврзани вести