Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Курти ќе прифати размена на територии?

Дали Курти ќе прифати размена на територии?

Размена на територии е формула за војна и тоа нема да се случи, бидејќи етничките граници не се решение за проблемот со Србија, вели косовскиот премиер Албин Курти. 

Курти објаснува дека планот на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и на српскиот претседател Александар Вучиќ за размена на територии пропаднал, но дека идејата не замре, пренесува Репортерс.

„Сигурен сум дека претседателот на Србија е носталгичен за тие времиња, бидејќи политичкиот проект за размена на територии пропадна. Но, повторно, идејата не е мртва. Носталгијата не е чувство со кое можеме да напредуваме. Размена на територија нема да се случи бидејќи тоа е формула за војна“, изјави Курти.

Тој вели дека никогаш не може да има совршени етнички граници. Ја обвини Србија дека е автократски режим со блиски врски со Кремљ. 

Анонимуси се закануваат на српскиот претседател Александар Вучиќ поради врските со Русија. 

Вчера и денеска, косовски Албанци нападнаа млади момчиња од српска националност. 


Слично

Поврзани вести