Дали Курти има план за да им се одмазди на косовските Срби?
Курти подготвува пеколен план да му се одмазди на српскиот народ во Косово, вели
директорот на српската владина Канцеларија за Косово, Петар Петковиќ.
Тој изјави дека одлуката на претставниците на Српската листа да извршат техничка верификација на нивните мандати денеска во косовскиот парламент, никако не значи враќање на Српската листа во институциите во Приштина, објави Kosovo onilne.
Објаснува дека планот на косовскиот премиер Албин Курти е да ги пополни местата загарантирани за претставниците на Српската листа со оние Срби кои ги поддржуваат Приштина и Курти, а не Белград.
Петковиќ вели дека тоа се политички партии кои се апсолутно минорни, кои скоро и да ги нема на Косово за кои на последните избори гласале некаде помеѓу 0,17 и 0,05 отсто од српскиот народ на Косово. Според него, тоа се претставници на политичките партии кои се на ниво на статистички грешки
Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ), соопшти дека нејзините нови членови на Собранието на Косово, кои денеска положија заклетва, откако досегашните пратеници од таа партија поднесоа оставка пред десет дена, ги верификуваа нивните мандати само технички, колку да ги обезбедат местата во Парламентот, и веднаш потоа ја напуштија пленарната седница, јави дописникот на МИА од Приштина.
СЛ тврди дека верификувањето на пратеничките мандати на нејзините членови претставува „стратешка одлука“ со која се спречил планот на премиерот Албин Курти „и неговите колаборационисти“ да го смени Уставот, на штета на српската заедница во Косово. Неодамна имаше тензии на Косово поради регистарските таблички на возилата. Запалени беа повеќе возила во северно Косово, на луѓе од српска националност.
