Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали куршумот оставен пред „Владислав Рибникар“ укажува дека некој му спрема одмазда на Коста Кецмановиќ?

Дали куршумот оставен пред „Владислав Рибникар“ укажува дека некој му спрема одмазда на Коста Кецмановиќ?

Пред училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград вчера се одржа панихида за жртвите кои загинаа во масакрот на 3-ти мај, но таму имаше оставен куршум.

Некој оставил капа на оградата со куршум. Полицијата веднаш е известена за настанот. 

Како што објави порталот „Република.рс,“ полицијата истражува дали куршумот е порака за одмазда. 13 годишниот Коста Кецмановиќ уби 9 соученици и вработен во обезбедувањето во училиштето. 

Дадилката на момчето, според српските медиуми, по вторпат е сослушана затоа што имало недоследности во исказот. 

Пензионираниот инспектор и поранешен началник на Одделот за крвни деликти на белградската полиција, Жарко Поповиќ – Поп, на својот канал на Јутјуб детално зборуваше за масакрот и кажа дека службите требало да ги ликвидараат сторителите, мислејќи на Кецмановиќ и на момчето кое потоа во Младеновац изврши масакр. 

Слично

Поврзани вести