Дали кризата во Европа е шанса за Балканот?
Дел од медиумите во регионот пишуваат дека кризата во Европа е шанса за Балканот.
Се смета дека поради кризата во Европа, инвеститорите ќе бараат поевтини пазари и можеби ќе се насочат кон Балканот. Излегувањето на Британија од ЕУ ќе ги „здрма“ економиите во сите земји. Аналитичарите од Србија велат дека ако Германците инвестираат во Србија, а земјата се насочи кон рускиот, арапскиот, кинескиот пазар, ќе има позитивни влијанија.
Аналитичарите тврдат дека кризата која ќе се јави во Британија ќе биде надмината за шест месеци со помош на Кина и САД. Вториот бран од најновите случувања се прогнозите дека ќе ги погоди Германија и Франција.
Сепак земјите од регионот треба да работат на зајакнување на своите економии без разлика на геополитичките случувања.
