Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Косово ќе биде 31 членка на НАТО?

Дали Косово ќе биде 31 членка на НАТО?

Властите во Косово се убедени дека по Македонија ќе влезат и тие во НАТО. 

Косовскиот заменик-министер за одбрана, Бурим Рамадани е убеден дека Република Косово ќе биде 31-та членка на НАТО.

Рамадани во интервју за „Епока е Ре“ изјави дека за да ја оствари таа цел Владата ќе ги засили политичките и дипломатските напори.

Вели дека специјалното стратешко партнерство со САД не е ад-хок, туку е цврсто и опстојно, изјави Рамадани. 

Тој ја отфрла можноста таксата од 100 отсто што ја воведе Владата на Рамуш Харадинај на увозот од Србија и од Босна и Херцеговина, на што се спротивстави официјален Вашингтон, да влијае врз добрите односи на Безбедносните сили на Косово (ФСК) со САД.

Слично

Поврзани вести