Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали конечно се смирува инфлацијата во Турција?

Дали конечно се смирува инфлацијата во Турција?

Инфлацијата во Турција падна на најниско ниво во последните четири години.

Годишната инфлација во Турција се забави на 30,87 проценти во март, од 31,53 проценти во февруари, што е најниско ниво во последните четири години, според официјалните податоци.

Оваа бројка претставува најниско годишно зголемување на потрошувачките цени од декември 2021 година, кога инфлацијата, според податоците на Турскиот институт за статистика (ТуркСтат), изнесуваше 36,08 проценти, пренесува Бета.

На годишно ниво, најголемо зголемување на цените е забележано во образованието (51,97 проценти), домувањето (42,06 проценти) и транспортот (34,35 проценти), објави турскиот гувернер Фатих Карахан.

Најмали зголемувања се забележани кај облеката и обувките (7,2 проценти), мебелот и опремата за домаќинството (20,2 проценти) и информациите и комуникациите (24,12 проценти).

ТуркСтат соопшти дека главните групи на трошоци со најголем удел се храната и безалкохолните пијалоци, транспортот и домувањето. Годишната инфлација во овие категории изнесувала 32,36 проценти, 34,35 проценти и 42,06 проценти, соодветно.

Инаку, турската Централна банка продала 44,3 милијарди долари од резервите заради стабилизација на лирата. 

Слично

Поврзани вести