Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали колоритот на „Шарената револуција“ може да стане културно наследство?

Дали колоритот на „Шарената револуција“ може да стане културно наследство?

Ликовниот уметник Сашо Станојковиќ доставил барање до Управата за заштита на културното наследство, колоритните интервенции на Шарената револуција да ги прогласи за културно наследство.

Тој вели дека  за разлика од самите објекти кои се веќе заштитени, проектот на „Шарената револуција“ останува незаштитен и изложен на различни влијанија и случајни и намерни оштетувања и покрај неговата исклучителна општествено-културна вредност.

„Со предлог-барањето иницирав заштита на колективните партиципативни интервенции кои со стохастичен, но препознатлив ликовен јазик и со учество на многу субјекти при изведбата за прв пат овозможија директно демократска партиципација на граѓаните во институционалната критика на државната културна политика. Посебна вредност на проектот е ангажираноста за општествени промени што предизвика будење на граѓанската свест за подеднакво право на градот и за солидарност меѓу припадниците на различните етнички заедници, партии и интересни групи. Оттаму произлезе и итноста на мојата иницијатива“ - вели Станојковиќ.

Станојковиќ досега не добил одговор од надлежните за ова негово барање. Предлог-барање со истата содржина тој доставил и до НУ Конзерваторски центар Скопје.

„Оваа институција ми беше посочена како надлежна за „доставување предлог како и за валоризација односно вреднување на одредена недвижност која ќе се прогласи за културно наследство на подрачјето на град Скопје и општините кои се во состав на град Скопје“- објаснува уметникот.

Станојковиќ и е познат на македонската јавност со своите општествено ангажирани дела кои се презентирани во земјава и пошироко.

Слично

Поврзани вести