ДАЛИ ЌЕ УСПЕАТ - Саудиска Арабија не сака да зависи од нафтата
Саудиската влада ги согледува првите резултати од програмата 2030 која предвидува намалување на зависноста на економијата од продажбата на нафта при што се воведуваат огромни реформи во сите јавни сектори и институции.
Главниот фокус на програмата 2030 е да се модернизира Саудиска Арабија, да се користат нови и поефикасни финансиски алатки за раст на домашната економија и секако привлекување на странски инвеститори во големи инфраструктурни проекти.
Програмата 2030 во Саудиска Арабија се спроведува веќе една година но, сепак е само во почетна фаза и засега е тешко да се процени дали воведените реформи го даваат посакуваниот резултат но, кралството не планира да застане и ќе продолжи со предвидените реформи.
Во принцип добар дел од програмата се однесува на комбинирана контрола над ресурсите како еден вид на приватицација со задржување на сопственоста над бизнис секторите но, со примена на прозападни елементи и искуства.
Саудиска Арабија планира да собере 100 милијарди долари токму со продажба на дел од државната нафтена компанија АРАМКО која потоа треба да излезе и на берза со иницијална јавна понуда па цената на акциите и нивниот раст може да биде нов извор на финансии.
