Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали ќе се зголемат даноците во Германија?

Дали ќе се зголемат даноците во Германија?

За поголеми даноци во Германија се залагаат социјалистите за да се надмине кризата.

Шефицата на СПД, Саскија Есен предложи зголемување на данокот на доход, за да може државата да ги врати сите заеми што ги зеде за време на кризата.

Германската канцеларка Ангела Меркел, од централно-десничарската партија на ЦДУ, одбива какво било зголемување на даноците.

Голем дел од Германците очекуваат зголемување на даноците поради кризата предизвикана од пандемијата од коронавирусот, покажаа истражувањата на Институтот „Инса“. 

Истражувањето објавено од весникот „Билд“, покажува дека дури 62 проценти од Германците веруваат дека економските последици ќе доведат до зголемување на даноците. Од друга страна, само 18 проценти Германци не веруваат дека тоа ќе се случи.

Државата годинава ќе има 81,5 милијарди евра помалку од даноците во буџетот, што е, во однос на лани, минус од 10 проценти.

Германија е во длабока рецесија, а бројот на невработени се зголеми. 

Нејзината економија се намали за 2,2 проценти во првиот квартал на 2020 година. 

Вакво нешто немало во повоената историја на земјата. 

Слично

Поврзани вести