КАКО ТРГОВСКАТА ВОЈНА ЌЕ СЕ ОДРАЗИ НА МАКЕДОНИЈА? Одговорите ни ги дава Григор Бишев, банкар, универзитетски професор и економист
Григор Бишев, банкар, универзитетски професор, економист во бизнис муабети на фактор.мк.
Одговара на важни економски прашања поврзани со царините на Трамп, трговската војна меѓу САД и Кина како и какво влијание ќе има целата таа ситуација врз Македонија.
На прашањето што сака Трамп од светот, професорот одговара дека е заинтересиран за сопствената економија.
„Се надевам дека на долг рок, трговскиот конфликт кој се претвори во финансиски конфликт не носи бенефит никому. Би било катастрофално за малите отворени економии“, вели Бишев.
Зошто е толку гневен и од каде толкава омраза на Трамп кон Кина и европската економија, Бишев вели дека без разлика кој е јазикот на искажување, мора да се најде начин како ќе разговараат.
Според него денарот е стабилен и нема потреба за грижи на тоа поле.
„На Македонија само и недостасува забрзување на економскиот раст, вели тој.
Последиците од царините на Трамп ќе ги осети и Македонија, вели професорот.
Ако ја погоди автомобилската индустрија, вели Бишев, а кај нас се произведуваат делови за автомобилската индустрија, ќе не погоди и нас.
За каков судир станува збор, Бишев вели дека тешко е да се процени меѓутоа станува збор за толку големи сили.
