Дали ќе се забрани возење на автомобили произведени пред 2000 година?
Многу е веројатно наскоро да се ограничи употреба на возилата кои имаат Еуро 2 мотор. Станува збор за возила стари над 20 тина години, јави Алсат –М.
Во државата пред речиси пет години се дозволи увоз на страи возила, а во земјата влегоа над 150 илјади автомобили, некои од нив постари од 15 тина година.
Министерот за животна средина Нурхан Изеири вели дека Во Владата се разгледуваат сите опции за рестрикција на старите возила и откако ќе се анализираат сите околности ќе излезат со конкретна информација за тоа кои ќе бидат насоките за ова прашање.
Како што се размислувало една од опциите е воведување обврска за вградување нов катализатор, кој би ја намалил емисијата на штетни гасови на ниво на стандардот Еуро 4.
Втората опција било евентуално да се даде временски рок до кога ќе може да се регистрираат овие возила, по кој нема да може да се возат. Третата опција е таа да се ограничи можноста, овие стари возила да се возат во централните градски подрачја.
Неодамна министерот за економија Беким Незири откри дека доколку анализите покажат дека загадувањето од овие автомобили е големо, тогаш најверојатно ќе се бара на овие автомобили задолжително да бидат поставени катализатори, но не спомна забрана за возење на возилата.
„Поставувањето на филтрите е минимален трошок, но во моето објаснување не бев категоричен дека сме донеле одлука. Во континуитет го следиме загадувањето, и ќе зависи од резултатите што ќе ги добиеме од Министерството за животна средина. Се разбира дека и на министерството за економија главната цел е да се заштити животната средина, но и заштита на граѓаните на Македонија, и се надеваме дека ако имаме ефективни резултати нема да има потреба да се преземат дополнителни мерки, но ако резултатите се негативни и загадувањето е на високо ниво тогаш ќе се преземат мерки за да ги заштитиме нашите граѓани“, вели Незири.
Прочитајте: СКРАТЕН РОКОТ ЗА УВОЗ НА ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ!
Слично
