Дали ќе се намали каматата во проектот „Купи куќа купи стан“?
Премирот Никола Груевски најави сет мерки со кои ќе се овозможат нови бенефиции за граѓаните.
Тој во интервју за МТВ рече дека ќе се намали каматната стапка за проектот „Купи куќа, купи стан“.
„Следната недела ќе работиме на измена на законот со кој треба да се намали каматната стапка за овој проект“, истакна премиерот Груевски и додаде има голем број проекти за младите, од кои некои ќе се спроведат веднаш, а дополнителни сет мерки се предвидени за во иднина.
Досега за проектот „Купи куќа купи стан“ 228 кредити. Владата очекува дека со измените на законот, со намалување на каматните стапки за овој проект од 4,9% колку што беше претходно, на 3,95% за првите три години и од 5,5% на 4,44% за после три години, овој број ќе се зголеми.
Слично
