Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали КФОР ќе дозволи српската војска да се врати на Косово?

Дали КФОР ќе дозволи српската војска да се врати на Косово?

КФОР потврди дека го добил барањето од Србија за распоредување српска војска во северниот дел од Косово.

КФОР информира дека барањето на српската влада ќе се разгледа и на истото ќе се одговори во наредните денови.

Српската Влада вчера одлучи да побара од мисијата на НАТО да го дозволи испраќањето на српски војници во Косово, повикувајќи се на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Официјален Белград вели дека таа резолуција овозможува враќање на одреден број српски војници, кој ќе се договори со НАТО, доколку во Косово биде загрозено српското малцинство.

Властите во Косово го оценија барањето на Вучиќ како потврда на хегемонистичките идеи на Белград и на територијалните претензии.

Инаку, Вучиќ е песимист и се сомнева дека КФОР ќе дозволи враќање на српската војска на Косово. 

Неколку дена откако локалните Срби ги блокираа патиштата на северот на Косово, барикадите ги посетил српски државјанин осуден за учество во војната во Украина во 2015 година. Станува збор за Никола Јовиќ.

Слично

Поврзани вести