Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали ќе се формира специјално судско одделение?

Дали ќе се формира специјално судско одделение?

Неизвесно е дали ќе се формира специјално судско одделение во рамки на скопскиот Кривичен суд, кое ќе постапува по предметите на Специјалното јавно обвинителство.

Од ДУИ деновиве соопштија дека би поддржале формирање на вакво специјално одделение во Кривичниот суд.

„Ако има таква волја, тоа треба да помине институционално, првин преку разговори на релевантните партии потписнички на Пржинскиот договор. Ако во тие преговори се отвори таа иницијатива, ДУИ принципиелно е за формирање на канцеларија или посебен оддел, кој ќе се занимава со случаите на СЈО“- кажа портпаролот Бујар Османи.

Ова прашање не било ставено на маса, но и СДСМ ќе го поддржи, кажаа од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема  потреба да се разговара за ова прашање.

Специјално судско одделение се актуелизира откако во јавноста се појавија сомнежи за непристрасноста на судиите и за можни притисоци врз нив.

Слично

Поврзани вести