Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ ЌЕ ПОЕВТИНИ ЖИВЕАЧКАТА: По падот на цените на бензините, што е со другите производи?

ДАЛИ ЌЕ ПОЕВТИНИ ЖИВЕАЧКАТА: По падот на цените на бензините, што е со другите производи?
Ниту превозниците, ниту другите производители не сметаат дека треба да се намалат цените на некои производи каде како главен енргенс се јавува нафтата или бензините. Од здруженијата на превозници велат дека тие досега многу често имале загуби, па сега, пониската цена на бензините дизелот ќе им  помогне во намалување на тие загуби. Нема да има ниту намалување на цените во млинско пекарската индустрија, исто така поради сличните причини. Кај месото веќе имаше поевтинување, така да ни таму не се очекува некое намалување на цената. Цената на бензините во последниве години се намали за над 50 отсто, и тоа сега засега се одразува во буџетот на граѓаните преку помалите суми што се издвојуваат за полнење на резервоарите. Скоро 74% од месечните трошоци за живеачка завршуваат за плаќање на сметки и за исхрана. Најновите податоци од Синдикалната кошница покажуваат дека во ноември, за да се преживее, на едно семејство му биле потребни 32 279 денари или 525 евра. Најголем дел од овие пари или 13 414 денари, завршуваат храна а 10 422 денари за домување. Сега ќе имаат уште некој денар плус, од сметката за бензин, но за намалување на другите цени ќе почекаме.
Слично

Поврзани вести