Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали ќе има избори на 5 јуни?

Дали ќе има избори на 5 јуни?
Никој не знае дали ќе има избори на 5 јуни, изјави германската амбасадорка во земјава, Кристине Алтхаузер, на дебатата што ја организираше невладината ,,Цивил,, на тема ,,Плурализмот и политичката криза,“. Секоја Влада која ќе произлезе од изборите, ќе биде повикана на одговорност во однос на евро-атланските политики, врз основа на обврските предвидени во договорот, вели таа. „Договорот од Пржино  се уште е  жив и активен и некои делови од него веќе се спроведени, а многу други делови се уште се во тек. Никој не знае дали навистина ќе има избори на 5 јуни. Изборите не означуваат крај на еден процес. Изборите се еден од многуте чекори кои земјата треба да ги направи за да ја поврати својата евро-атлантска перспектива“- изјави Алтхаузер. Според неа,  потребни се реформи, спроведување на извештајот на Прибе и препораките содржани во извештајот за напредокот на Македонија. Невладината организација ,,Цивил,, смета дека избори може да се одржат само ако се исполнат сите услови.    
Слично

Поврзани вести