Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Јанакиески ќе се појави да сведочи пред Анкетната комисија ?

Дали Јанакиески ќе се појави да сведочи пред Анкетната комисија ?

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска треба да се појави на сослушување пред Анкетната комисија.

Седницата е закажана за во 11 часот.

Се поставува прашањето дали тој ќе се појави или ќе ги извиси пратениците како што направија неколкумина досега, со исклучок на премиерот кој се појави на презакажаното сведочење, односно вчера.

Премиерот беше прввиот сведок, а деновиве пред Комисијата треба да се појават и министерот за финансии, Зоран Ставрески, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот прв човек на ДБК, Сашо Мијалков, шефот на кабинет Мартин Протуѓер..

Претседателот на Комисијата Петре Шилегов по вчерашното сведочење на премиерот посочи дека и денеска очекува бојкот од владеачката партија.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема интерес да проработи Анкетната комисија.

Станува јасно дека на ВМРО-ДПМНЕ не им е потребна Анкетната комисија. Они сметаат дека се доволно покриени со својата медиумска надмоќ, што значи дека вистината нема потреба да се знае поинаку од онаа којашто ја нарачуваат во вестите“, рече Шилегов.

Слично

Поврзани вести