Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали извршителите и нотарите ќе се приклучат на отписот на долгови?

Дали извршителите и нотарите ќе се приклучат на отписот на долгови?
Нејаснотии околу отпишувањето на долговите, на само неколку дена пред истекот на крајниот рок во кој компаниите, извршителите и нотарите треба да одлучат дали ќе преземат таков чекор. Иако дел од банките веќе најавија дека ќе се вклучат во овој проект, сепак недоразбирањата се околу тоа како ќе се отпишуваат долговите што граѓаните ги имаат кај извршителите. Секој извршител во земјава, ќе треба сам да одлучи дали ќе отпишува долг или не.Тоа значи дека ако некој извршител не сака да отпишува долгови на граѓаните, нема да има обврска тоа да го стори. Токму затоа денеска, според информациите на Фактор, извршителите имаат средба во Министерството за финансии, каде треба да се разјаснат нејаснотиите. Како ќе се одвива отписот на долговите што граѓаните ги имаат кај нив, веројатно ќе се знае по средбата.
Слично

Поврзани вести