Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали исламистите подготвуваат напади во Турција?

Дали исламистите подготвуваат напади во Турција?

Радикалната група „Исламска држава" повикува да се изведуваат терористички напади во Турција во ново аудио обраќање, информира германскиот весник „Ди Велт". 

Снимката е распространета од блиската до групата новинска агенција „Ал-Фурка" во која џихадисти се охрабруваат да упаднат во земјата на  Босфорот.

Според медиумот гласот кој се слуша е на лидерот на терористичката организација, Абу Бакр ал Багдади. Во прилогот се упатуваат и повици за напади и во Саудиска Арабија.

Во меѓувреме Багдади изрази уверување во победата над ирачката армија во Мосул - последниот голем град под контрола на „Исламска држава". Тој го повика населението да се бори со „непријателите на Алах", а борците-самоубијци да „станат ноќите на неверниците во ден, да донесат хаос со земјите нивни и да ја натераат нивната крв да тече како река". 


Слично

Поврзани вести