Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали интелектуалната елита ќе ги игнорира „опасните“ шеги на Субрата Рој?

Дали интелектуалната елита ќе ги игнорира „опасните“ шеги на Субрата Рој?
Владата да донесе закон со кој ќе одреди колку деца треба да има едно семејство.Оние кои нема да го почитуваат законот – ќе го изгубат правото на глас но, и сите придобивки за нивните деца, и порача контроверзниот индиски милијардер Субрата Рој на македонската влада. „Владата треба да дефинира закон за идеална големина на едно семејство и децата од идеалното семејство треба да ги придобијат сите бенефиции, посебните придобивки за граѓанинот од прв ред. Родителите со кои не доминира нивното „јас“ ќе го изберат вистинскиот пат за нивните деца. Родителите кои не ја следат идеалната семејна законска дефиниција ги губат сите придобивки и бенефиции за нивните деца, а треба да го изгубат и правото на глас“, изјави Субрата Рој во обраќањето пред македонскиот државен врв на Фестивалот на мирот. Оваа изјава на Субрата Рој, предивика реакции кај македонската јавност. Пораката што Рој ја кажа може да се смета како шега, велат социолозите, но проблем е што таа порака е дадена на официјален настан на кој присуствуваше и целата македонска влада. „Да одземете нечие право на глас или да одземете нечие родителско право, под превезот дека не ги почитувале принципите на едно идеално семејство? Тоа е надвор од здравиот разум и за тоа не ни сакам да размислувам како можност. Таквото нешто значи враќање наназад со векови. А, кој ќе каже што е идеално семејство. Кој тоа ќе го одреди? По кои принципи? Тоа е невозможно, бидејќи ако за некој идеално е едно нешто, за некој друг идеално е нешто сосема спротивно, вели социологот Татјана Стојановска Иванова. Според Иванова, да се препорача сиромашното население да има почести сексуални односи, тогаш потребно е на истите тие да им се обезбедат вистински механизми на заштита од сиромаштијата во која тие веќе живеат. „Интелектуалната елита не смее да остане глува на овие изјави. Не смее да ги свати како шега. Интелектуалната елита треба да изрази критика и за пиедесталот на кој некој го става овој индиски бизнисмен, а кој со последната изјава ги навреди македонските граѓани“, вели Иванова. Но, освен ова Субрата Рој упати критики и за медиумите. Пласирале само лоши вести, што доведувало до уште полоши реакции кај луѓето, па затоа требало да се ориентираат повеќе кон пласирање на позтивни вести. „Медиумите имаат негативна улога бидејќи весниците, каналите и слично зборуваат за негативни настани и даваат негативни известувања за расправиим убиства, силувања. Ова постепено го става човекот во една затворена емотивна сфера што секогаш води кон зголемена потреба од себеси, без земање предвид на мислењето на другите луѓе и води кон ситуации во кои нема душевен мир. Затоа медиумите треба да ги намалат негативните известувања и да додадат позитивни, поохрабрувачки информации“, изјави Рој За дел од социолозите спорно е и тоа што има класична злоупотреба на собранискиот канал каде се емитуваше целиот настан на кој Субрата Рој упати контроверзни пораки до целата македонска јавност. На полупразниот плоштад каде се одржуваше настанот кој во живо се пренесуваше на собранискиот канал, индиецот Субрата Рој, публиката ја поздрави со зборовите „Ве сакам сите од дното на моето срце“, на македонски јазик. „Барав земја во светот која ќе биде без корупција за одржување на првиот фестивал и одлучив тоа да биде Македонија.“ И додека во Македонија, Субрата Рој е на пиедестал и постојано во друштво на целиот македонски државен врв, во Индија се гони за криминал.  
Слично

Поврзани вести