Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали инфлацијата ќе забави?

Дали инфлацијата ќе забави?

Оваа година нема да биде идеална на економски план. Meѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува  слабеење на инфлацијата во 2023 година.

За 2023 и 2024 година, Кристалина Георгиева, извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), изјави дека растот е сè уште слаб, но дека може да има позитивна „пресвртница“.

„Конечно гледаме дека растот зајакнува и инфлацијата опаѓа по долг период во кој сè беше сосема спротивно, растот слабееше и инфлацијата растеше“, изјави Георгиева во неделата во Дубаи.

Светот нема да се врати на потребниот и посакуван раст ниту во 2024 година. Инфлацијата е намалена од 8,8 отсто во 2022 година на 6,6 отсто годинава. За идната година се очекува дека таа ќе изнесува 4,3 отсто. Пандемијата и енергетската криза, но и војната во Украина ги попречија нормалните економски текови.

Слично

Поврзани вести