ДАЛИ ИМА ПАРИ ЗА ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЕНЗИИ: ММФ се интересира за состојбите на ПИОМ
Meѓународниот монетарен фонд(ММФ) се интересира за состојбите во ПИОМ и дали има пари за зголемените пензии.
Директорот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов денеска се сретнал со претставниците на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во Македонија, предводена од шефот на мисијата Анет Кјобе.
Шефот на Мисијата, Анет Кјобе нагласила дека разговорите во Фондот се исклучително плодни и ќе придонесат во нивните размисли за идните предлози за подобрување на ситуацијата со пензискиот систем.
Слично
