Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Хоџај бил изваден од контекст?

Дали Хоџај бил изваден од контекст?

За „пактот“ против Србија, косовскиот вицепремиер, Енвер Хоџај се дообјасни. 

Тој рече дека никогаш не споменал создавање на било каков пакт против земјата. 

Како што наведе, насловот и она што го рекол во интервјуто за загребачкиот весник „Вечерњи лист“ се две сосема различни нешта.

„Никогаш не реков ништо за создавање на регионален пакт против Србија. Насловот на текстот и она што го реков се сосема различни работи“, изјави Хоџај.

Овие информациите денеска ги демантираше и премиерот Зоран Заев, кој кажа дека се оградува од било какви разговори, затоа што тие не постоеле. Тој повика Косово и Србија преку дијалог да ги решаваат проблемите. 

Претходно беше објавено дека Хоџај кажал дека во Македонија, Хрватска, Косово и Црна Гора се разговарало за пакт против Србија.

Србија ништо лошо им нема направено на Македонија, Црна Гора и Босна. 

Ова го вели српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ. Тој реагираше синоќа по повод изјавата на косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај дека во Хрватска, Македонија и во Црна Гора разговарал за создавање на регионален пакт против Србија.

Стефановиќ за ТВ Пинк изјави дека оваа изјава на Хоџај преставува непријателски акт против Србија и нејзините граѓани и повик за додатна дестабилизација во регионот.

Слично

Поврзани вести