Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали хипермаркетите се поевтини од малите продавници?

Дали хипермаркетите се поевтини од малите продавници?

Кога купувате еден или два производи на цените не обрнувате внимание, но ако се работи за поголема набавка, тогаш цените се важни и разликата може да биде неколку стотина денари. 

Српски Блиц направил истражување така што 20 намирници купиле од мали продавници и истите потоа ги купиле во хипермаркети. 

Во малите продавници сметката била 2.356 динари, а во хипермаркет истите производи чинеле 300 динари помалку. 

Најмали разлики има во цените на млекото и јогуртот, а најмногу кај соковите, чоколадите, паштетите и друго. 

Најскапи се малите продавници онаму каде што нема конкуренција, нема друга продавница. 

Во хипермаркетите има и акции каде цените се пониски и за 20%. 

„До пред некој месец купував каде ќе стигнам. Се фрапирав дека можам месечно да заштедам и по неколку илјади динари со купување во големи маркети. Доаѓам кога ќе земам плата, купувам што ми треба и потоа сум мирна“ - раскажува граѓанка. 

Таа додава дека штеди по 2000 динари односно нешто помалку од 20 евра. 






Слично

Поврзани вести