Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Грција оди во банкрот ќе се знае за една седмица

Дали Грција оди во банкрот ќе се знае за една седмица
Министрите за финансии се согласија да го продолжат периодот за фискалното прилагодување на Грција за две години, но одлуката  за доделување на следната транша помош ќе биде донесена на состанокот закажан за 20-ти ноември, каде што ќе се разговара како грчкиот долг да се направи одржлив.

И  и еврокомесарот за монетарни и економски прашања, Оли Рен ги пофалија грчките власти за усвојувањето на последниот пакет фискални и структурни реформи, но извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард нагласи дека некои „поглавја“ допрва останува да бидат решени.

Како што истакна Шефот на еврогрупата Жан-Клод Јункер, Еврогрупата ги поздравува напорите на грчките власти да ја вратат програмата на вистинскиот пат и ги признава напорите на грчкиот народ .

Како што беше информирано на состанокот се разговарало како да се пополни финансиската дупка во Грција во следните неколку години и како да се направи долгот одржлив, но не е избрана ниту една опција.

Слично

Поврзани вести