Гробот на славниот грчки филозоф Аристотел можеби е најден во северна Грција .
Информациите се објавени на светскиот конгрес насловен „Аристотел 2400 години“ што се одржа во Солун. Гробот на Аристотел најверојатно се наоѓа во градот каде бил роден во древната Стагира, на источната страна на полуостровот Халкидики во близина на градот Олимпија.
„Постојат силни индикации дека го најдовме неговиот гроб“- вели Костас Сисманидес, а пренесуваат грчките медиуми.
Се претпоставува дека жителите на Стагира ја донеле пепелта на Аристотел во неговото родно место по неговата смрт во 322 г.п.н.е во јужниот град Калкиди и го положиле во зграда со облик на потковица.
