Дали Грците кончено ја напуштаат „спасувачката програма“?
Излегување на Грција од „спасувачката програма“ во август ќе биде деликатен, но совршено изводлив потег.
Условот е сите страни да покажат посветеност и да делуваат одговорно, изјавил потпретседателот на ЕК Валдис Домбровскис.
Тој наведува дека Грција и нејзините кредитори работат на тоа наредната недела да постигнат финален договор за излез на Атина од програмата за помош летово, пренесе агенцијата АП.
Грција на 20 август би требало да излезе од третиот пакет на помош , после осум години потпирање на заеми од меѓународните кредитори.
Официјална Атина за возврат морала да спроведе повеќе рунди кратења на потрошувачката, структурни реформи и приватизација, а нејзината економија била под строга контрола на кредиторите.
Слично
