Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Гордана Јанкуловска влијаела врз сведоците?

Дали Гордана Јанкуловска влијаела врз сведоците?
Судијата на претходна постапка, Славица Андревска одлучи дека барањето за притвор на Гордана Јанкуловска, поднесено од Специјалното јавно обвинителство е неосновано. Таквата одлука се правда со ставот дека не постои основан страв дека Јанкуловска ќе ја попречува постапката со влијание на сведоци ниту пак постои реален страв дека ќе ги уништи трагите на кривичните дела за кои се товари и за кои во овој момент постои основано сомневање дека ги сторила. При тоа е посочено дека доколку имала намера да уништи траги и материјални докази во врска со кривичните дела, тоа веќе можела да го стори во изминатиот период. Зошто СЈО бараше притвор за Гордана Јанкуловска? Специјалното обвинителство посочило дека за Гордана Јанкуловска е потребна мерка притвор затоа што речиси девет години била на позицијата министер, и нејзиното влијание во институцијата е огромно, бидејќи и голем дел од вработените се примени на работа во нејзино време.  Голем дел од вработените сеуште ги почитуваат барањата на Јанкуловска, па имајќи предвид дека кривичните дела во најголем дел се извршени преку службите на министерството, специјалното јавно обвинителство смета дека сосема е оправдан стравот дека Јанкуловска ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите, зависи што би побарала.  При тоа посочуваат дека Јанкуловска, преку својот шофер веќе се обидела да ја реализира намерата за уништување на трагите, а некои од нив се веќе уништени. Специјалното јавно обвинителство појаснувало и дека Јанкуловска се обидела да влијае и на еден од сведоците со барање да се воздржи од било каков инкриминирачки исказ притив нејзе до  избрите на 24 април, а потоа поради победата на ВМРО се ќе биде успешно завршено и таквото сведочење ќе се цени како највисок акт на патриотизам, во спротивно предавништво. Според објаснувањето, сведокот врз кој Јнауловска се обидела да влијае, прво бил повикан на разговор кај актуелниот министер во МВР во врска со актуелните состојби во со незаконски издадените лични карти.  Но, веднаш потоа преку лицето Р.С. преку некакви гаражи и скриени влезови била истиот сведок бил  однесен кај Јанкуловска, во просторите на ВМРО каде што било побарано да одговори што е кажано кај актуелниот министер. При тоа,  ова не билединствен наврат во кој што се вршел обид за влијание врз сведокот. Во останатите навратисведокот  бил психички малтретиран и и се вршел притисок да пред обвинителството не ја зборува вистината затоа што таа би довела до вистината за шоферот и за Јнакуловска. Освен тоа ,се наведува дека сведокот имал притисоци и на работно место каде имало обиди за влијание, поради што се изјаснил дека не се чувствува безбедно. Како се бранела Гордана Јанкуловска? Јанкуловска се бранела, објаснувајќи дека кривичните дела за кои се товари ги нема сторено, и дека  поради тоа не постои основот дека некому би можела да влијае, со оглед на тоа дека како министер совесно постапувала, и нема потреба никому да влијае. При тоа предложила при одлучувањето судот да има предвид дека таа повеќе не е министер што значи дека таму веќе нема никаков пристап и тоа ниту до службени простории, ниту до службени документи, ниту до било што друго што може да биде релевантно во било која постапка. Во однос на вработените Јанкуловска посочила дека сите засновања на работен однос во министерството се врз основа на законски спроведени постапки, што значи дека вработените не се дојдени во министерството по нејзин личен избор. Со оглед на тоа дека станува збор за голема бројка на вработени лица во министерството и тоа кога таа била на функција биле некаде околу 13.000 вработени, објаснила дека нема можност истите да ги познава, додавајќи дека во најголем број вработените не ги познава. Што кажале адвокатите на Јанкуловска? Двјаца адвокати , Никола Додевски и Боро Тсевски ја застапувале Јанкуловска пред судот. Во судското решение, кое е јавно објавени е јавно е наведено дека адвокатите посочиле оти нема правна основа на Јанкуловска да и биде одреден притвор. Адвокатот Боро Тасевски посочил дека нема основано сомневање дека Јанкуловска . сторила кривично дело. А во однос на тврдењта за влијание на сведоците и уништување на докази,Тасевски сметал дека смета дека тоа е неосновано и недокажано, па дури и дека усменото искажување е контрадикторно бидејќи е кажано дека сведокот на кој се повикува специјалнотообвинителството е повикуван во врска  кај актуелен министер на разговор, па е парадоксално да се тврди дека еден одамна бивш министер можел да влијае за разлика од актуелен министер од кого сведокот непосредно и директно зависи и кому му одговара. Оттука никаков аргумент за влијание на сведоци и уништување на докази на страна на Јанкуловска  не држи бидејќи таа доколку имала мотив и волја тоа да го стори со оглед на веќе повеќемесечната постапка досега тоа можела одамна да го стори, да ги уништи доказите  што очигледно во постапката не е сторено бидејќи обвинителството тврди дека такви обезбедила. Поради сето претходно наведено се противи на дадениот предлог за определување мерка притвор, сметал Тасевски.
Слично

Поврзани вести