Дали Германија сепак нарачала руска нафта?
Не сме нарачале руска нафта, тврдат Германците.
Државата ги отфрли тврдењата дека планира да купи руска нафта на почетокот на следната година. Германија уверува дека ќе увезува сурова нафта од Казахстан, пишува Блумберг. Сега тековите долж нафтоводот Дружба – најголемиот европски канал за сурова нафта – ќе бидат од Казахстан, иако тој договор сè уште не е финализиран.
„Извештаите дека Германија нарачала руска сурова нафта се лажни“, изјави портпаролката на Министерството за економија.
Претходно, директорот на руската државна нафтена компанија Транснефт Николај Токарев изјави дека компанијата добила барања од Полска и Германија за купување нафта за 2023 година.ЕУ претходно донесе одлука да престане да купува руска нафта преку поморски патишта од 5 декември.
Независните кинески рафинерии имаат екстра-заработки од преработката на евтина руска нафта, бладогадение не попустите што Москва им ги дава поради воведните санкции од Запад.
