Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Германија ќе ги повлече златните резери од САД?

Дали Германија ќе ги повлече златните резери од САД?

Во Германија има повици за повлекување на дел од огромните резерви на злато од Соединетите Американски Држави(САД), што е поттикнато од влошувањето на трансатлантските односи и непредвидливоста на политиката на американскиот претседател Доналд Трамп.

Германија има втори најголеми државни резерви на злато во светот, веднаш по САД. Од вкупната количина, околу 1.236 тони, во вредност од приближно 164 милијарди евра, се чуваат во трезорите на американската централна банка во Њујорк. Токму ова станува предмет на сè пожестока дебата, објавува Гардијан.

Емануел Мен, истакнат економист и поранешен директор за истражување на Бундесбанката, процени дека во сегашните политички околности е премногу ризично да се чува толку голема количина злато во САД. Тој верува дека, во интерес на поголема стратешка независност од Вашингтон, Бундесбанката треба сериозно да размисли за враќање на златото во земјата.

Официјален Берлин засега го смирува тонот. Владата на германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека повлекувањето на златните резерви во моментов не е на дневен ред. Сепак, Мен не е сам, сè повеќе економисти и финансиски експерти проценуваат дека репатријацијата на златото би била логичен чекор во рамките на пошироките напори на Германија и Европа да станат независни од САД.

Претседателот на Европската асоцијација на даночни обврзници, Михаел Јегер, отиде чекор понатаму, тврдејќи дека политиката на Трамп, вклучувајќи ги и идеите за преземање на Гренланд, дополнително го зголемуваaт ризикот. Според него, непредвидливоста на американскиот претседател и неговото инсистирање на приходите го поставуваат прашањето за безбедноста на германското злато во американските трезори.

Јегер предупредува дека, во екстремно сценарио, Бундесбанката би можела дури и да го изгуби непречениот пристап до своите резерви, поради што тие би морале да бидат вратени во Германија. Тој вели дека дури и минатата година им пишал на Бундесбанката и на Министерството за финансии со ова барање.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести