Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали гасот ќе го замени парното?

Дали гасот ќе го замени парното?
Гасификацијата на Скопје е добредојдена, но треба да се внимава и на можностите опасности, предупредуваат дел од енергетичарите. Според консултантот за енергетика Митко Андреевски, проектот е издржлив и може да се реализира, но прашањето е како ќе тече целата реализација на проектот. Андреевси укажува на две можни опасности, ако се гасифицира целиот скопски регион со општините на периферијата концесионериот ќе има дополнителни обврски, втората можна опасност  е што ќе се случи со сегашниот топлигикациски систем? - Проектот треба да се поддржи. Она што создава дилема е начинот на кој ќе се пристапи кон еден таков проект.Сепак се додека не ги видиме условите во тендерот не можеме и многу да коментираме. Ако се оди на варијантата да се гасифицира цел скопски регион, не мислам дека е исплатливо за општините што гравитираат на периферијата, бидејќи тоа ќе значи дополнителни обврски за концесионерот што пак ќе влијае врз цената. Второ треба да се анализира што ќе се случува со топлификацискиот системсо еден ваков концепт на гасификација на Скопје. Ако се третира гасификацијата како што беше најавено, ќе го наруши топлификацискиот систем, во тој случај која ќе биде судбината за еден систем кој е изграден во минатото и кој сега функционира. Секаде каде што има топлификациски систем, ако се постави гасификационата мрежа по истиот модел, односно со тарифник според кој комерцијалните и општествените  објекти плаќаат повеќе од домаќинствата, тогаш многу корисници ќе се откажат од парното, ќе има енромно исклучување, со што ќе се наруши стабиноста на топлификацискиот систем, објаснува Анреевски. Проектот за гасификација е крупен проект, кој ќе влијае врз заштедата на енергија. Според дел од експертите гасификацијата, ќе влијае врз топлификацискиот систем да ја направи својата цена конкурентна. Но, предупредуваат дека проектот не е толку едноставен и дека проецесот ќе повеќе години. - Ова сега што се предвидува е навистина добро особено за индустријата и јавните оштествени објекти. Ние во моментов во објектите, имаме проблем со инсталациите, треба нов приклучок треба да се купи, нова бела техника во домвите , се тоа ќе направи да се преслушаат граѓаните и полека да се приклучуваат .Затоа, ова нема да се заврши 4 -5 години, овој проект ќе живее, ќе се поправа, надоградува, бидејќи градот ќе продолжи да се гради , ќе има нови приклучоци и така ќе се развива. На проблеми ќе се наидува, така ние не знаеме колку се проверени оџаците, а мора да имаме солидни системи за одведување на димот, оти тоа може да предизвика пожар. Секако дека не е евтино, но е благодет оти во споредба со струјата ќе биде поевтино, за оние со течно гориво двојно поевтино. Тоа ќе го принуди и топлификацискиот систем да ја приспособи својата цена, да стане конкурентна на новиот енергенс. Придобивки има од повеќе аспекти,  како од финансиски така и од еколошки аспект, универзитетскиот професор Константин Димитров. Гасификацијата ја поздравија и бизнисмените Според нив тоа ќе влијае врз намалување на трошоците на производството. На овој начин ќе имаме поевтин енергенс кој ќе се должи на поголемиот обем, односно количина на гас кој ќе биде користен во државата, а исто така ќе се обезбеди и подолгорочна енегетска стабилност бидејќи ќе имаме и други алтернативни извори за енергија, изјави извршниот директор на Сојузот на стопански комори на Македонија Митко Алексов. Идеја стара десет години Идејата за гасификација е стара уште од пред десет години, но досега не се реализираше. Лани градот скопје го згасна акционерското друштво „Енергетика“, кое беше под капа на Градот и  одговорно за спроведување на гасификацијата во Скопје. Тогаш опозицијата обвини дега градските власти кренале раце од гасификацијата, а градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски изјави дека не се откажува од проектот. Советниците од СДСМ обвинија дека дека друштвото кое е формирано во 2006 година досега  не направило ништо за реализација на гасификацијата поради лошата поставеност и функционирањето преку семејните односи.Трајановски тогаш изјави дека Владата веќе распишала оглас и избрала фирма која прави студија за гасификација на земјава, и на градот Скопје.  За пет години гасот ќе потече во скопските домови Пред неколку дена премиерот Никола Груевски најави дека за пет години гасот ќе потеќе и во домовите на скопјани. Инвестицијата е вредна околу 100 милиони евра. Според планот, дел од дистрибутивната мрежа ќе биде пуштен во употреба во 2016 година. Овие денови треба да се распише тендерот за избор на концесионер, а договорот е предвидено да се потпише до 25 мај годинава. Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, изјави дека придобивките од гасификацијта се огромни. - Придобивките од гасификацијата се огромни и значително ќе се рефлектираат во многу сектори во нашето општество. Преку дистрибутивните системи за природен гас ќе се задоволуваат потребите од топлина за греење, санитарна топла вода и готвење како и значително намалување на загадувањето, намалување на оперативните трошоци за задоволување на потребите од енергија и зголемена енергетска ефикасност. Овој проект освен што и нуди енергетска сигурност на Република Македонија за во иднина, значително ќе ги намали трошоците за снабдување со енергија на граѓаните, домаќинствата и компаниите. Преку овој проект трошоците на домаќинствата и компаниите за снабдување енергија ќе бидат сведени на минимум, изјави Трајановски пред два дена. Според планот со гасификацијата, освен општините во Скопје, ќе бидат опфатени уште седум општини од периферијата. Анализите покажуваат дека заштедата на граѓаните ќе биде околу 24 % и 30 % за комерцијалните објекти. Гасификацијата беше еден од клучните адути на речиси сите градоначалници на последните локални избори. Досега во земјава гасифицирани се само општините Струмица и Куманово. Од скопскиот регион, општината Чаир ја изработи физибилити студија за гасификација. Сега ќе се прави и студија за процена на влијанието врз животната средина, по што ќе се бара приватен партнер за реализација на гасификацијата. Проектот ќе чини пет милиони евра, а комплетната гасификација на Чаир треба да заврши за осум години, но граѓаните ќе можат да се приклучуваат и додека трае изградбата на гасификационата мрежа.  Ј.С
Слично

Поврзани вести